Од месец април Монтесори-Изворче за нашите дечиња повторно им овозможува можност да го изучуваат италијанскиот јазик.Оваа иницијатива се реализира во соработка со Амбасадата на Република Италија под водсво на Проф.д-p.Никодиновска и Проф.д-р.Саржовска.
На предшколска возраст децата лесно го усвојуваат секој јазик а италијанскиот е лесно прифатлив и мелодичен па децата брзо го прифатија. Ова го потврдува и нашето искусво пред десетина години.
Програмата во нашата градинка се одвива на македонски јазик а изучувањето на англискиот јазик е дополнителна секојдневна активност. Изучувањето на двата јазика засега е само децата над 4 годишна возраст а по избор на родителите.
Од април стартуваме и со група за следење на нашата програма само на англиски јазик??.