“Пишувам во својство на една ваша поранешна ученичка, која неретко евоцира спомени од незаборавното Монтесори искуство.”
Моментално се подготвувам за приемните испити за странските факултети, поконктретно приемниот испит на Oxford насловен Thinking Skills Assessment (груб превод : Вештини на размислување). Секое прашање кое го имам вежбано/размислувано до сега ме наврати токму оној пристап кој Изворче го учеше, живееше и дишеше. Не можам а да не сум благодарна што ме научивте дека излегувањето од “калапот” на просечноста е нешто со кое човек треба да се гордее, а не да се срами.
Сега сум матурант во Нова, како трансфер ученик од Корчагин каде поминав две години од моето средно образование. Иако никаде не сум била вистински и потполно академски предизвикана, верувам дека желбата за осознавање и истражување која ја интернализирав во Изворче ме направи она што сум денес.
Сега додека ги пишувам апликациите за странските факултети, неретко се случува се се бара есеј со тема “Опиши едно искуство кое те промени и порасна”, Изворче е моето искуство и верувам дека зборувам во име на сите ваши ученици, пранешни и сегашни.
Како и Вас, и јас се стремам да предизвикам општествена промена. Се пронајдов себе на границата меѓу општествените и природните науки и решив да продолжам со студии во полето на математичката Економија и Финансиите.
Се надевам дека сте во добро здравје и дека во скоро време ќе можам да Ве видам и лично.
Секое добро и огромна благодарност,
Елена Љушева