Кога одевме по улицата кон Првата Куќа за деца, имавме чуство како да ги слушаме чекорите на Д-р.Монтесори.
Во зградите околу Првата куќа за деца живееле и децата што ја посетувале. Тоа биле деца од сиромашни семејства. И денес оваа зграда е сведок за почетоците на еден генијален ум што успеа да ја отвара вратата на детската душа. Денес само влезот е реновиран, се друго е зачувано во спомен на ова генијална “Dotoresa” – како што ја нарекуваат Италијаните.
На надворешниот ѕид веќе 112 години се врежани почетоците на еден од најнапредните и најприфатените системи за едукација во светот. Уште на почетокот на Монтесори едукацијата во амбиентот има и градина како дел од Подготвената средина. Тоа правило го почитуваат сите автетични Монтесори установи.